Собрание на Република Македонија

Едукативен квиз

Почитувани,

Дали се сметате за добри познавачи на државното уредување во нашата Република?

Дали знаете како функционира законодавната власт? Дали ви е позната постапката за донесување на законите во Собранието на Република Македонија?

Ако одговоривте потврдно на овие прашања или пак сакате да ги утврдите и проширите вашите знаења Вие сте на вистинското место.

Преку овој едукативен квиз ви нудиме можност да си ги проверите вашите досегашни знаења, но и да научите нешто ново.

Ако сте спремни за овој предзивик, ве молиме да се регистрирате и да одберете едно од двете понудени нивоа: ОСНОВНО и НАПРЕДНО. Во зависност од нивото кое ќе го одберете ќе добиете листа од 15 случајно избрани прашања од нашата база со различен степен на сложеност.

Прашањата се одговараат со клик на едно од четирите понудени одговори. Ве молиме да размислите убаво пред да одговорите. Бидејќи нема временско ограничување - нема потреба од брзање.

Откако ќе завршите со одговорите на сите прашања треба да притиснете на ПОТВРДИ.

По добиениот преглед на освоените бодови, ќе можете да извршите увид во оние прашања кои сте ги згрешиле (се разбира доколку има такви).

Со среќа.

Лични податоци